Околу 100 домашни компании заинтересирани за услугите на странски експерти

Bez autora
Nov 20 2013

Околу 100 компании покажале интерес за владиниот проект за обезбедување на странски експерти за потребите на домашните компании, изјави во среда владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Тој додаде дека од денеска почнува и втората фаза од проектот која ќе резултира со конкретно доведување на експертите во Република Македонија и нивна поддршка во функција на домашните компании согласно процедурите и истакнатите потреби. Проектот во првата фаза ги постигна целите кои беа предвидени. Она што радува е дека компаниите го препознаа бенефитот од проектот и покажаа голем одѕив за користење на услугите од истиот, односно се пријавија околу 100 компании кои вработуваат околу 10000 работници. Притоа се јавија компании од сите реони на државата, од различни економски сфери и од сите видови на претпријатија според обемот на дејност и вработеност.

Околу 100 домашни компании заинтересирани за услугите на странски експертиОколу 100 компании покажале интерес за владиниот проект за обезбедување на странски експерти за потребите на домашните компании, изјави во среда владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој додаде дека од денеска почнува и втората фаза од проектот која ќе резултира со конкретно доведување на експертите во Република Македонија и нивна поддршка во функција на домашните компании согласно процедурите и истакнатите потреби.

„Проектот во првата фаза ги постигна целите кои беа предвидени. Она што радува е дека компаниите го препознаа бенефитот од проектот и покажаа голем одѕив за користење на услугите од истиот, односно се пријавија околу 100 компании кои вработуваат околу 10000 работници. Притоа се јавија компании од сите реони на државата, од различни економски сфери и од сите видови на претпријатија според обемот на дејност и вработеност", рече Ѓорѓиев.

Согласно територијалниот аспект, најголем број на компаниите се од скопскиот регион или 48 компании, од Битола 8, Прилеп 7, Струмица 6, Охрид, Струга, Виница по 4 и со пријави на компании од сите реони во државата.

„Во однос на дејноста најголем број од компаниите се од преработувачката индустрија или 25 од пријавените, 11 компании од информатичко-комуникациската технологија, 8 од земјоделството, 6 од градежништвото и од други сектори, меѓу кои и од трговијата, сметководството, образованието, енергетиката и други", појасни Ѓорѓиев.

Според него, значајно е дека има пријави од компании од различна големина, мали, средни и големи претпријатија.

„Со пет вработени лица имаме шест компании, со вработени од пет до 50 лица 59 компании, со вработени од 50-150 лица 21 компанија, со вработени од 150 до 300 лица се пријавија шест компании, од 300 до 700 вработени имаме 11 компании, и две компании со над 700 вработени кои се пријавија на огласот", истакна владиниот портпарол.

Втората фаза започнува од денеска, со тоа што во следниот период од 30 до 45 дена, значи некаде до крајот на годината ќе бидат разгледувани поднесоците и пријавите од компаниите, а стручни тимови ќе посетат и дел од овие компании со цел да се поразговара со менаџментот на истите, да се увиди конкретниот профил на потребниот експерт, делот од производствениот, технолошкиот или пак услужниот процес каде што е потребна таа експертиза и на тој начин да се конкретизира и прецизира видот на експертот.

Потоа, по овој дел, во јануари следната година, Владата ќе испрати барање до меѓународните организации кои се партнери во процесот, кои се стручни и специјализирани за оваа намена и кои во своите регистри имаат голем број на експерти за различни потреби.

Досега е веќе воспоставена соработка со организации од Холандија и Германија, а се прават обиди да се обезбеди и ваква помош и од САД и Швајцарија. По добивањето на одговорот од организацијата до Владата, понудениот експерт ќе биде проследен до компанијата која ќе може да направи комуникација со него, да поразговараат и да ја увидат можноста и правецот на соработката, да се намалат точките на ризик и да се прецизира интервалот на соработка и конкретните процеси од истата.

По конкретизацијата на овие процедури експертот ќе дојде во Република Македонија и ќе соработува и функционира за потребите на домашната компанија која пројавила интерес за тоа, ќе учествува во нејзината работа, и тоа во интервал кој е потребен за тоа.

Притоа, како што беше кажано, најголем дел од компаниите нема да имаат никаков трошок за ангажманот на експертот, освен во определени исклучоци и тоа со задолжителна претходна согласност на компанијата за учество со минимален партиципативен надоместок, со цел поголема инклузивност помеѓу двата субјекта, но тоа ќе биде исклучок, правилото е дека компаниите нема да бидат подложни на трошоци, особено не од поголем обем.

„Веруваме и очекуваме дека со овој проект и со обезбедувањето на странските експерти за потребите на домашните компании, ќе се даде значителна поддршка на истите, што ќе придонесе за нивна поголема ефективност, продуктивност и профитабилност, отворање на нови работни места, што ќе значи и можност за општ економски раст и развој на државата", рече Ѓорѓиев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik